Од Даниела нема ни трага ни глас - сопругот ја моли да се врати дома

Хрватска трага по мајка на мало дете, која исчезна во петокот откако излегла о домот, по што и се загубила секоја трага. Сопругот на Даниела Јенковиќ ја моли таа да си дојде дома, ако ги чита весниците и порталите, каде тој моли за помош.

- Те молам само јави ми се, да знам дали си добро. Кажи ми здрава сум и жива, ништо не ти замерувам, но не ги држи децата во неизвесност, вели сопругот Хуса Хрчиќ.

Таа во петокот излегла од домот каде живеела со родителите и синот во 9 часот, седнала во автомобил Голф и се упатила во непознат правец.

- Отидов во автоперална да работам, разменивме неколку пораки, и реков дали одиш ома, ми рече ја сушам косата, ќе одам на лекар. Потоа се чувме кога одеше на банкомат, а потоа беше недостапна, вели тој.

Набрзо откако не си дошла се му станало сомнително па го пријавил случајот во полиција.

Инаку, телефонот на Даниела бил лоциран во Германија. Агонијата за семејството нема крај.

 

 

 

 

26.07.2017 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега