Гневот и насилството не запираат - уште еден Македонец се враќа бесен од Грција

Уште еден македонски државјанин кој престојувал во Грција, пријавил дека му било оштетено возилото. Според МВР, ова е 56-ти случај во текот на летово. 

Вчера на Граничниот премин Богородица, Ј.М. од  Богданци, кој управувал со товарното моторно возило “Ман”, со гевгелиски регистарски ознаки, пријавил дека во местото с.Евзони му била оштетена кабината на товарното моторно возило. Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција.

-Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна  на нашата гранична полиција биле евидинтирани вкупно 56 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 16 случаи, информираат од МВР.

Од сите случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција , но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба или оштетување на моторно возило изнесува 30, а останатите пријави се на лица од други места од државава.

 

 

 

 

 

 

 

21.08.2013 - 13:38

најчитано сега