Ова не сте го знаеле - еве кога настанал светскиот хит „Деспасито„(ВИДЕО)

Мал е бројот на корисниците на интернет кои не слушнале еден стих од најголемиот светски хит оваа лето, Деспасито„ на порториканскиот автор Луис Фонси. Многумина, сепак не знаат дека песната настанала уште пред две години, но дека Фонси не ја ставил на албумот иако верувал дека е посебна.

Кога пв пат на напишав песната, направивме само некои груби демо снимки кои никој не ги слушнал. Не знаев што да направам со тоа, како да ја продуцирам песната од таков вид, но знаев дека е посебен ритам. И цело време до денес никако не можев да се посветам на таа песна. Сепак, кога одлучив еднаш тоа да го направам, целиот свет го потврди мислењето дека таа е посебна – рекол Фонси за CNN.

Според неговите зборови, самиот процес на пишување, компонирање и продуцирање на песната бил магичен, затоа што едноставно напишал перфектни стихови.

Покрај се, таа има елементи на вистински хит, од добра мелодија, интересен текст, па се до изведувачи како што се Деди Јанки и Џастин Бибер кои допринесоа за популарноста на песната – додава тој.

Деспасито инаку е третата шпанкса песна која доспеа на Хот 100 листата на популарност во последните 40 години. Пред неа тоа им успеа на песните „Ла мамба“ и „Макарена“.

И Деди Јанки и јас сме многу изненадени од успехот, двајцата имаме долги кариери и имавме многу, многу добри песни, но ваков вид на популарност никогаш немаме доживеано. А, Џастин Бибер ми рече дека на првото слушање ја засакал песната, но дека никогаш не помислил дека ќе биде толку популарна – заклучил Фонси.

 

 

 

26.07.2017 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега