Што може да ви се случи ако јадете 12 сливи дневно

Познати се како природен мултивитамин, но многумина од нас немаат навика да ги јадат редовно. Сепак, толку се здрави, што можеби ќе го промените мислењето кога ќе прочитате што можат да направат за вашиот организам само пет сливи дневно. Кога ќе помислите на сливи, веројатно прво што ви паѓа на памет е мармалад или домашен џем од сливи кој на уникатен начин ја краси секоја палачинка.

Сепак, додека не почнете со подготовки на зимницата, важно е да го знаете податокот дека само една свежа слива содржи дури осум милиграми витамин Ц на 100 грама. Покрај витамините, сливите се богати со железо, магнезиум, калциум и бакар.

Само 12 сливи дневно можат да го подобрат вашето здравје. Тоа би значело дека во текот на сезоната, ако секој ден за ужина го јадете ова вкусно овошје ќе го намалите ризикот од заболување од рак на дебелото црево.

Кога ќе помине сезоната на свежи сливи, во вашето мени задолжително ставете ги сувите сливи. Со конзумација на 12 сливи во денот, можете да го регулирате и холестеролот, да ја зголемите густината на коските и да го зајакнете својот имунолошки систем.

Една свежа слива во просек содржи 113 мг калиум. Овој минерал помага при контрола на висок крвен притисок, а со тоа го намалува ризикот од мозочен удар, а ова летно овошје е познато и по своите благодети по дигестивниот тракт и забрзување на метаболизмот. 

 

 

 

 

26.07.2017 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега