ВИДЕО: Редок феномен на небото - снимени "црвени молњи"

Австралискиот астроном 44- годишниот Дејвид Финли на небото над Нов Јужен Велс сними појава на повеќе т.н. „црвени молњи“, што претставува навистина редок феномен.

- Ја  наместив камерата и буквално за неколку минути небото го опсипаа црвени молњи. Не можев да поверувам. Мислев, ќе имам среќа ако снимам барем една, а тие само паѓаа, раскажува Финли.

„Црвените молњи“ претставуваат атмосферско електрично празнење кое за разлика од обичната молња, се појавува високо над темните облаци.

 

 

 

26.07.2017 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега