Колку долго траел катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963?

Скопје со повеќе активности и манифестации одбележува 54 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. 

Најсилниот земјотрес кој некогаш ја погодил Македонија е токму овој. На 26-ти јули 1963-та година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала), а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

Потресот траел 20 секунди, биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000, додека над 200.000 луѓе останале без покрив над главата. 

 

 

 

26.07.2017 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа