Попладнево останете дома - заладување како кратка пауза пред пеколот кој следува

 

Намалување на дневната температура, локален дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денес и за утре. Ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.

Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи.

Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.

Од петок се очекува стабилизација и повторен пораст на температурата на воздухот.

 

 

 

25.07.2017 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега