Трагедија попладнево во Македонија - почина маж

Градежен работник од Велес денеска починал откако паднал од скеле при изведување градежни работи.
 
Според информацијата од СВР Велес околу 09 часот 69-годишниот Д.М. од Велес изведувајќи градежни работи на куќа која се наоѓа на улицата „Петре Милевски“ бр.11 во Велес паднал од скелето и од добиените повреди починал.
 
Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, по овластување од Основно јавно обвинителство - Велес увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
 

 

 

25.07.2017 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега