Лукас јавно се покаја па отиде на ручек со сопругата (ФОТО)

Помпата околу раскинувањето на Бранислава Пашајлија и Аца Лукас не стивнува, па така пејачот реши да застане пред камерите и да истера некои работи на виделина.

Меѓутоа ниту збор не кажа за Бранислава, но напомена дека неговото делување на Инстаграм во изминатиот месец скапо го чинело, било да се работи за фотографиите кои ги поставувал или за отворените писма кои ги пишувал.

-Некогаш човек излегува од колосек, излетуваш од шините, ќе те удри нешто и тогаш правиш нешто што можеби не ти е примерно.Не сум ни јас имун на се и сешто. Стојам зад се што реков, но не требаше ништо да кажам за да не создавам полемики.Не реклама, јас нему или тој мене, туку да не доаѓаат луѓето во ситуација да полемизираат кој е во право, а кој не. Но некогаш не можеш да издржиш и правиш нешто поради што подоцна се каеш. Јас во тие денови имав неколу излети кои не ми се допаѓаат. Почнав да бркам по Инстаграм и Фејсбук, а никогаш не знаев тоа да го вклучам. Почнав да гледам што пишуваат некои идиоти и да се расправам со нив- искрен бил Лукас.

Набрзо после веста дека раскинал со Бранислава, Лукас е снимен заедно со својата сопруга Соња во ресторан.

 

 

 

 

25.07.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега