Несреќа во Македонија, прегазена жена

Во 18 часот и 45 минути на улицата  „Партизанска“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која била прегазена жена. 62-годишниот Б.К. од Битола, управувајќи патничко возило „Пежо 106“ со битолски регистарски ознаки, удрил во 76-годишната Ш.Л. од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил задржан на лекување во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

 

 

 

25.07.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега