Уште една крвава драма ја стресе Германија - тројца мртви во пукотници во ресторан

Најмалку три лица се убиени, а пет повредени кога непознат маж пукал во ресторан во мал град на југозападот на Германија, соопштија полициски извори.

Напаѓачот, од засега непознати причини, почнал да пука во еден ресторан во Досенхајм, во покраината Баден-Виртемберг, каде се одржувал состанок, додаде полицијата.

- Точните мотиви и како се одвивале настаните засега се се уште непознати, изјави портпаролот на полицијата.

Според првичните резултати од истрагата изгледа човекот по расправијата пукал врз две лица, а потоа се самоубил. Во пукотниците се ранети пет лица, од кои некои потешко.

Ова е втор вооружен инцидент во Германија во последните два дена.

21.08.2013 - 12:51

најчитано сега