Дете прободено со нож во Битола

Пет минути пред полноќ во СВР Битола било пријавено дека во Итна медицинска помош било донесеон 14-годишно момче кое било повредено со нож во пределот на стомакот. Полицијата информира дека се работи за телесна повреда во пределот над стомакот при што не биле повредени внатрешни органи.

Малолетникот бил задржан на понатамошно лекување. Момчето било прободено со нож од непознат сторител на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

25.07.2017 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега