Ќе се жени малолетниот син на Цеца?

17 годишниот син на фолк пејачката Светлана Ражњатовиќ, Вељко, се верил со својата девојка Милена Зечевиќ. Според порталот „Прес онлајн“, Вељко и неговата девојка во моментов летуваат во Будва, каде уживаат во убавините на Јадранот и спа ценатрот на хотелот „Авала“.

Младиот Ражњатовиќ, ја објавил веста на својот Фејсбук профил, менувајќи го својот статус од „слободен“ во „верен“. Просидбата, јавуваат српските медиуми, се случила во базен.

Неговата мајка, познатата дива, Цеца, смета дека ова е само тинејџерска игра.

- Вељко е ѓаволесто момче и Цеца не обрнува внимание на неговите тинејџерски испади, менувањето девојки, свршувачки и раскинувања. За се разговара отворено со него, но на веста за , што и ја соопштил преку телефон, само слатко се насмеала, вели извор близок на пејачката за српскиот медиум.

На прашањето дали постои можност Вељко да застане пред олтарот, Цеца вели:

- Рано е се уште. Вељко се занимва со спорт, музика, актерство и во моментот се бара себе си. Има време за женење. Рано е да станам свекрва.

21.08.2013 - 12:44

најчитано сега