Разрешен директорот на Драмски Театар - еве кој дојде на неговото место

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска го разреши директорот на Драмски театар-Скопје, Роберт Вељановски, и за нов директор е назначен актерот Сашо Тасевски, пренесе Сакам да Кажам.

Роберт Вељановски е вработен во Драмски од 1997 година, а на чело на институцијата дојде по прераната смрт на претходниот директор, актерот Бранко Ѓорчев.

Актерот Сашо Тасевски од 1998 година е член на Драмскиот театар. Тој е и колумнист и писател. Објави неколку книги, збирка драми, романи.

 

 

 

25.07.2017 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега