После жешкото време попладне доаѓа дожд, ветер и грмежи

Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец, на места со брзина и од 70 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. UV=8

Утре и во четврток, главно во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и појава на локален пороен дожд со грмежи. Врнежите повеќе се очекуваат во западните и северните делови од земјава. Утре ќе дува умерен, а во четврток засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура и во следните два дена ќе биде во опаѓање, а најсвежо ќе биде во четврток. Од петок ќе настапи стабилизација со повторен пораст на дневната температура на воздухот.

 

 

 

 

25.07.2017 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега