Ги купувал поевтино во Македонија па си ги продавал во Грција - уапсени татко и син шверцери на цигари

Грчката полиција во северниот град Козани уапси татко и син кои шверцувале цигари од Македонија наменети за грчкиот пазар, јавува МИА.

Полицијата запрела автомобил со кој управувал 55-годишен маж и кај него нашла 118 кутии цигари кои немале бандероли. Мажот  признал дека цигарите ги купил во Македонија и планирал да ги продава во Грција. Полицијата извршила претрес на неговиот дом и таму пронашла и одзела.

Следна станица на полицијата била продавницата чиј сопственик бил уапсениот. Таму откриле дека неговиот 23-годишен син продава нелегални цигари. При претресот на дуќанот пронајдени се уште 105 илегални кутии цигари,  хартија за виткање тутун, десет пакети со филтери за цигари, два тефтери во кои е водена евиденција за купување и продавање на шверцуваните цигари, 2.430 евра, лажна банкнота од 100 евра, 14.130 македонски денари, десет албански леки и 40 американски долари.

Таткото и синот се изведени пред јавниот обвинител на Козани под обвиненија за нарушување на Законот за продавање цигари и ставање во промет фалсификувани пари.

21.08.2013 - 12:29

најчитано сега