Закана за бомба го парализираше сообраќајот околу Триумфалната порта во Париз

Полицијата во Франција го блокираше сообраќајот околу Триумфалната порта во Париз поради добиена закана од поставена бомба. 

- Целата област е евакуирана. Добивме предупредување и експерти за деминирање веќе се на самото место. Засега не знаеме дали се работи за лажна закана или не, соопшти полицијата.

Земајќи го во предвид фактот дека кружниот тек е еден од најпрометните во градот, целиот реон околу триумфалната порта предизвика застој во сообраќјот особено во центарот на Париз.