Закана на телефон го крена Аеродромот „Александар Велики" на нозе

Во 20 часот и 10 минути на ТАВ Аеродром Александар Велики-Скопје, на телефонот за информации, со кој оперирала вработена во ТАВ инфо-служба, од страна на засега непознато лице добила анонимен телефонски повик со закана.

По добивање пријава за настанот, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.

Бил утврден телефонскиот број од лицето кое се заканувало. Од страна на полициски службеник остварен е контакт со лицето и при разговорот истото одбило да го каже својот идентитет и продолжило со истите закани.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

 

 

 

23.07.2017 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега