Во пензија на 67 години или 41 година стаж

За полна пензија во Хрватска ќе бидат потребни 67 години живот или 41 година стаж, најавил министерот за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ.

Со Нацрт законот за труд, работникот може да добие отказ доколку не прифати пониска плата, бидејќи е поедноставена процедурата. На работодавачите им се отвора можноста за воведување на флексибилно работно време до 60 часа неделно.

Новиот закон за работа треба да стапи на сила од 1 јануари 2014 година.

 

 

21.08.2013 - 11:27