ВМРО-ДПМНЕ: СЈО води политичка хајка против нас

СЈО делува како продолжена рака на СДСМ која води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ. Главна цел на СЈО е да конструира и монтира случаи единствено против ВМРО-ДПМНЕ со што ќе му помогне на СДСМ да ја дефокусира јавноста од нивните политики во кои Заев се пазари со највисоките државни и национални интереси, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- СЈО за да одработи за СДС се обидуваше со пари да купи и обезбеди лажни изјави во поткрепа на монтираните случаи. Таму каде што не поминуваше поткупот, СЈО се служеше со закани и заплашувања врз лица за да признаат или потврдат нешто што не се случило. Тоа е така затоа што истражуваат и обвинуваат за непостоечки случаи измислени и нарачани од Зоран Заев, изјави денеска Сашо Павлоски.

Од партијата истакнуваат дека СЈО не смее да се става над законот и оти согласно член 22 од Законот за ова обвинителство не смее да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. - Секој нов прогон и тормозење кој СЈО ќе го врши ќе биде противзаконски и ќе биде основ за одговорност, рече Павлоски. 

Додаде дека СЈО има обврска сите нелегално прислушкувани материјали веднаш и без исклучок во законска процедура да ги уништи и за уништувањето на материјалите да состави записник. Неуништувањето и нивното чување, поседувањето и користењето преставува груба и сериозна злоупотреба на службената должност и е казниво согласно закон. 

 

 

 

22.07.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа