Нема повредени Македонци во страотната експлозија во Прага
Македонскиот амбасадор во Чешка Паскал Стојчески, попладнево потврди дека нема повредени Македонци во денешната експлозија во центарот на Прага, пренесува Македонската информативна агенција
По контактите на Амбасадата со надлежните чешки органи се добиени информации дека меѓу повредените 35 лица во експлозијата која се случи во зграда во непосредна близина на Филмската академија за сценски уметности (ФАМУ) каде студираат десетина македонски студенти, нема повредени државјани на Република Македонија.
При експлозијата која се случи изутрината околу 10 часот во една околните згради беа евакуирани над 200 лица.
Според првичните информации се работи за експлозија на гас.