Ниските цени и гостопримливоста се магнет за туристите - дојранските плажи “вријат“ луѓе
Над 10.000 туристи во моментов летуваат покрај Дојранското Езеро, информира раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски.
-Дојран по традиција е најпривлечен во август, а најатрактивен токму сега кога може да се искористат благодетите на водата и лековитите алги, објаснува Митаноски, додавајќи дека годинава се полни и комерцијалните капацитети.
По десетина години пауза, оваа сезона се забележува присуство на голем број транзитни гости, најчесто од Србија, кои, поради ниските цени и гостопримлицоста на мештаните, летуваат во Дојран по неколку дена.
21.08.2013 - 10:50