Сензација во Исланд: „Пиратите“ влегоа во нациоанлниот парламент
Исландската Пиратска партија, покрет на активистите која заговара, „дигитална демократија“, слободна комуникација, ограничување на авторските права и право на размена на фајловите, стана првата партија од овој вид која влегла во некои национален парламент. Официјалните резултати на парламентарните избори кои во саботата беа одржани на Исланд покажале дека „пиратите“ освоиле 5,1% од гласовите и за малку го поминале цензусот, освојувајќи три од вкупно 63 пратенички места. Тоа е прв пат во историјата да една пиратска партија влезе во националниот парламент, кој на Исланд се нарекува Алтинг.
Луѓето не само на Исланд, чувствуваат дека системот повеќе не функционира и дека постои расцеп меѓу избраната власт и народот. Ние ќе се потрудиме да изградиме дигитален и нормален мост меѓу јавноста и владините закони. Се разбира ќе ги правиме законите за кои сме експерти - законите на 21 век кои ја земаат во предвид онлајн заштитата, размената и слободната информација.