Беровчанец стана милионер со Ново Лoто

 

 

Минатото 66. коло го донесе добитникот на Ново Лото премијата 6 + 1 со вкупно 1.274.293 денари. Според комјутерскиот центар на Државната лотарија на Македонија, ливчето е уплатено во Берово, во продажното место Буги.

Фондот за 7-ка е и натаму во пораст и во вечерашното 67. коло изнесува над 8 милони денари.

Премијата од 1.274.293 денари е досега највиска во својата категорија. Покра премијата 6+1, 66. коло на Ново Лото донесе и 3 добивки 6-ка, вредни 32.333,50 денари. Претходно, првата најголема добивка на Ново Лото 7/34 за 6+1 изнесуваше вкупно 774.523 и прв пат се постигна во 17. коло, а согласно правилата во случај на две адекватни добивки, се подели на двајца добитници по 387.261,50 денари.

Најголемата поединечна добивка за 6+1 дојде во 26. коло со вкупна вредност од 415.432 денари. Следната премија 6+1 вредна 187.787,50 денари се случи на 16 март годинава.

Според статистиката на Државната лотарија, по Скопје, град кој најмногу игра Ново Лото 7/34, е Битола, следуваат Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Куманово, Струга, Кавадарци, Штип. 

21.08.2013 - 10:09

најчитано сега