Фукушима: Зголемен бројот на деца заболени од рак на штитна жлезда

 

Кај 18 деца од јапонската префектура Фукушима е откриен рак на штитната жлезда по хаваријата во тамошната нуклеарна централа во март 2011 година.

Кај 25 малолетни деца се откриени и знаци на тоа заболување, но засега болеста не е потврдена.

Во Фукушима од февруари досега за шестпати е зголемен бројот на децата заболени од рак на штитната жлезда. И покрај тоа, властите немаат потврда дека тие случаи се предизвикани од радијација.

Досега во префектурата се направени медицински прегледи за рак на штитната жлезда кај 210.000 жители на возраст до 18 години. Вкупно се предвидува да бидат извршени медицински проверки кај 360.000 луѓе.

21.08.2013 - 09:14

најчитано сега