Брутално убиле младо момче бидејќи им било досадно

Тројца тинејџери од Оклахома се обвинети за убиство на австралискиот студент Кристофер Лејн (23), кој бил дел од програмата за размена на студенти, бидејќи им било досадно.

Лејн џогирал до куќата во која престојувал во гратчето Данкан во Оклахома, откако ја посетил неговата девојка, кога трите момчиња почнале да го следат со автомобил.

- Му пришле од зад грб и од пушка со мал калибар го погодиле во грбот, изјави шефот на локалната полиција Дени Форд.

Тројцата тинејџери, Амес Едвардс (15), Ченси Луна (16) и Мајкл Џонс (17) изјавиле во полицијата дека одлучиле да убијат некого „бидејќи им било досадно“.

Еден од убијците на својот Фејсбук профил напишал: „Бенг. Две пукотници во два часа“. Полицијата смета дка тинејџерите трганел да убијат повеќе луѓе, но за среќа биле брзо фатени.

На момчињата им се заканува казна доживотен затвор, бидејќи како лица помлади од 18 години не подлежат на смртна казна, која се уште е во сила во Оклахома. 

21.08.2013 - 09:07

најчитано сега