Време: Не излегувајте без чадор - се подготвува пороен дожд со грмежи

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, а во западните и југозападните делови променливо облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе опадне во просек за два до три степени.

Температурата ќе се движи од 21 до 35 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 32 степени

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 6.

21.08.2013 - 00:28