Стаменковска: Заев за избори ги собра гласовите на арачиновци, а сега ги остави без вода на пеколни температури (видео)

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска денес на Комисијата за финансирање и буџет по однос на ребалансот на Буџетот за 2017 година упати остри критики до новата Влада за кратењата на финансиски средтва во многу битни општествени сфери.

-Со ребалансот на Буџетот кратите 25 милиони денари во делот на образованието. Се надевам дека овие пари не се скратени за ОУ Крсте Мисирков во населбата Ченто кое што оваа година требаше да почне со градба. Ова училиште беше планирано со Буџетот за 2017 година сега сме месеј Јули кога реално учениците не се на училиште, кога сите тендерски постапки требаше да бидат завршени и период кога ова училиште требаше да почне да се гради. За жал училиштето не е почнато да се гради, а откако сте на власт комотно можевте да започнете со сите тендерски постапки. Има намалено 105 милиони денари за изградба на училишни спортски сали. Искрено се надевам дека овие пари не се скратени од училишната сала во Стајковци во ОУ Кирил и Методиј, рече Стаменковска.

Стаменковска додаде дека Заев и Спасовски за време ан изборите давале секакви ветувања на граѓаните од Арачиново, а после изборите ги оставиле граѓаните без вода на пеколните температури

 

-         

За време на изборите Зоран Заев, Оливер Спасовски и уште неколкумина не излегоа од Арачиново. Дури и зимото кога имаше снег отидоа да чистат снег наместо да помогнат на другите граѓани. Но остана само на тоа. Ги излажаа граѓаните на Арачиново, им ги земаа гласовите но еве среде лето на температура над +30 степени арачиновци немаат вода. Со ребалансот се кратат 6 милиони токму за водовод и канализација што се наменети во делот на општините, додаде Стаменковска.

 

 

 

19.07.2017 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега