Малолетник итно пренесен во скопските клиники
Вчера во 16 часот и 30 минути во Скопје на крстосницата од улица „Коперникова“и улица „Живко Фирфов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “РеноМеган“со скопски регистарски ознаки управувано од 43- годишен Б.С.од Скопје и мотоцикл “Хонда“со скопски регистарски ознаки управуваноод 17 годишно лице од Скопје.
Од незгодата, со тешки телесни повреди се задобило 17 годишното лице кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Скопје и по укажаната лекарска помош е задржан за понатамошно лекување.
13.07.2017 - 12:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа