Седници на три собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за здравство и за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Кривичниот законик, како и на законите за извршување и за јавното обвинителство, поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, сите во прво читање. Комисијата ќе расправа и по Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2016 година.

Членовите на собраниската Комисија за здравство ќе го разгледаат Предлог-законот за докторска дејност во прво читање, поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Годишниот извештај за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2016 година и по измените на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги во прво читање, поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

13.07.2017 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега