Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во собраниска процедура поднесоа Предлог на закон за дополнување на Законот за водостопанство

 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во собраниска процедура поднесуваме Предлог на закон за дополнување на Законот за водостопанство. Од константните средби со граѓаните наидовме на проблем кој што ни беше посочен во постојниот Закон за водостопанство, а е резултат од формирањето на АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје, изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Никола Мицевски.

Од информациите на терен кои што ги добивме, одредени земјоделци се самоорганизираат и си формираат водни заедници со сопствени средства, односно изградија систем во кој набавија пумпи, црева, распрскувачи и слично.

Проблемот како што ни посочија земјоделците е во постојниот Закон За водостопанство кој што предвидува овие приватни здружени водокорисници односно имот и опремата да бидат превземени и со нив да стопанисува АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје.

Оттука, овие дополнувања на Законот за водостопанство предвидуваат да не се врши превземање на овие правни субјекти, туку да склучат договор за размена на податоци и други услуги во интерес на водостопанството.

Предлог законот за дополнување на Законот за водостопанство кој што денес, се предлага и има за главна цел АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје да не ги превземе и да не стопанисува со системите за наводнување кои се на опфат не помалку од 50 ха и со не помалку од 100 водокорисници или сопственици на земјоделски земјиште и се наоѓаат на приватно земјоделско земјиште, а истите се изградени со сопствени средства на корисниците кои се здружени во земјоделски задруги или други правни субјекти, за кои има целосна проектна документација, решение за водостопска согласност и одобрение за градење на системите.

Сметаме дека со овие дополнувања на Законот за водостопанство, ќе допринесеме за заштита на сите земјоделци кои се решиле да се организираат во земјоделски задруги односно во случајот во водни заедници која што сопственост на опрема, системот е целосно приватна и истовремено сметаме дека ова ќе значи поттикнување за кревање на свеста кај земјоделците за здружување воз земјоделски заедници кои претставуваат позитивни примери во повеќето европски земји.

Како пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ имаме обврска барањата и проблемите на граѓаните да ги решаваме и со самото тоа да го подобруваме нивниот живот. И во иднина ќе продолжиме да да ги пренесуваме и јасно да ги кажуваме барањата на граѓаните и задно да ги решаваме сите проблеми кои што ќе се појавуваат во иднина.

 

 

 

 

11.07.2017 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега