Време: И утре високи температури

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност која највеќе ќе биде застапена во крајните источни и западни делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 26 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти 12, а дневната ќе се искачи до 31 степен

најчитано сега