Расправија во Куманово заврши крваво: Расекле сопруг и сопруга со нож
Вистинска драма се одвивала вчера во Куманово, во 08 часот, кога бил нападнат 40-годишниот Н.Д. од Куманово и случајот веднаш го пријавил во полиција.
Полицијата информира дека во 07 часот и 40 минути по претходна расправија со двајца браќа, 50-годишниот И.Д. и 44-годишниот Х.Д. од Куманово, кои живеат како подстанари кај него, почнале расправија бидејќи немале електрична енергија во собата каде што престојуваат.
Едниот од браќата со нож на расклопување му нанел на сопственикот убодна рана во пределот на градниот кош, а на неговата сопруга М.Р. расекотина на левата рака, по што двајцата избегале.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово, а повредените се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на двете лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа