Давитковски е оптимист- Комисијата продолжува да работи и утре
Заврши седницата на Комисијата за 24 декември која денеска работеше во проширен состав- во присуство на премиерот Груевски и шефот на кабинет Протогер и лидерот на СДСМ Заев со потпретседателката Шекеринска.
По завршувањето на разговорите претседателот Борче Давитковски изјави дека било договорено Комисијата да продолжи со работа и утре и во наредните денови до петок. Тој ќе одржи и одделни средби со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во обид да се најде компромисно решение. Пред медиумите изјави дека е оптимист оти до петок ќе се постигне договор.
Претходно Заев рече дека е задоволен што е прифатена нивната иницијатива за средби во овој формат и дека нивна цел е утврдување на прекршување на Уставот.
Груевски пак изјави дека очекува СДСМ да ги надмине тесно партиските интереси и во предвидениот рок да се донесе решение.