ЕК почнува со разгледување на жалбата за Гибралтар

 

Европската комисија соопшти дека започнува со разгледување на жалбата поднесена од шпански министер, со која се оспорува поставувањето на бетонски блокови во близина на брегот на Гибралтар од страна на властите на оваа британска територија.

- Доколку ЕК оцени дека жалбата е основана, тогаш ќе биде започната судска процедура против Лондон, изјави портпаролот на Комисијата Оливие Баи.

Жалбата е поднесена од шпанскиот министер за земјоделство и животна средина Мигел Ариас Канете.

Според Мадрид, вештачкиот гребен е составен од 70 бетонски блока, кои се поставени по морското дно спротивно на европските закони за заштита на животната средина. Шпанија бара гребенот да биде отстранет за да го обнови дијалогот со Лондон.

Територијата на Гибралтар, која и припаѓа на Велика Британија од 1713 година, се простира на плоштина од седум километри и има население од 30.000 жители. Таа е причина за постојани тензии меѓу Лондон и Мадрид, кој претендира за суверенитет врз неа.

20.08.2013 - 16:29
Фото: 
Кајгана

најчитано сега