Понта: На Басеску ќе му се суди по истекот на неговиот мандат
По истекот на претседателскиот мандат на Трајан Басеску, нему и на неговите соработници ќе им се суди за криминал, изјави денеска романскиот премиер Виктор Понта.
Тој истакна дека Басеску, чиј мандат истекува во ноември следната година, „постојано ја саботира работата на Владата“.
Романскиот Парламент минатата година побара импичмент за Басеску, но тој успеа да остане на функцијата поради слабата излезност на референдумот, на кој 87 проценти од избирачите се изјаснија да си поднесе оставка.
20.08.2013 - 15:25