Започна продажбата на влезниците за Светското првенство во Бразил

Денеска започна продажбата на влезниците за Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи идната година во Бразил, објавено е на официјалната страница на Светската фудбалска асоцијација.

Првата фаза на продажба ќе трае до 10 октомври а ќе се продаваат милион од вкупно трите милиони влезници. Лотаријата на која ќе бидат избрани среќните добитници ќе се организира од 11 октомври до 4 ноември.

Втората фаза на продажба на влезниците ќе трае од 8 декември до 30 јануари, додека третата фаза ќе трае 15 април до последниот ден, 13 јули.

Исто така, влезниците ќе бидат поевтини за Бразилците, додека за другите лица кои сакаат да го следат Светското првенство ќе бидат поскапи. Најскапи ќе бидат влезниците за финалето.

Еден навивач може да купи максимално 4 влезници.

 

 

20.08.2013 - 14:58

најчитано сега