Груевски: СДСМ да ги надмине теснопартиските интереси и Комисијата да си ја заврши работата
Очекувам Комисијата з расчистување на настаните од 24. декември, да си ја заврши работата во предвидениот рок.
Ова е изјавата која премиерот Никола Груевски пред малку ја даде, на отворањето на нова лабораторија во МАНУ. Тој потенцираше, дека очекува СДСМ да ги надмине теснопартиските интереси и да се деблокира работата на Комисијата за 24. декември, како би се усвоил конечниот извештај до петок, согласно договорот на вчерашната лидерска средба. Премиерот груевски пред малку пристигна пред Клубот на пратеници, каде наскоро треба да започне седницата на експертското тело за расчистување на настаните од 24. декември.
20.08.2013 - 14:16