Ердоган: Израел стои зад соборувањето на Морси

 

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска го обвини Израел дека стои зад соборувањето на египетскиот претседател Мохамед Морси.

- За Египет рекоа дека демократијата не се наоѓа во гласачката кутија, Кој стои зад тоа? Израел, изјави Ердоган денеска на состанок на својата Партија на правдата и развојот (АКП).

Имаме докази за тоа, нагласи турскиот премиер, цитирајќи изјава на израелскиот министер за правда на форум одржан 2011 година во Франција, кој наводно изјавил дека Муслиманските браќа на Морси не би можеле да останат на власт, дури и да победат на избори.

 

20.08.2013 - 14:05

најчитано сега