За шест месеци 2.293 работници побарале правна помош од ССМ

Во првата половина од годинaвa од Сојузот на синдикатите на Македонија заштита на правата од работен однос побарале 2.293 работници, информираше денеска на прес-конференција претседателот на ССМ, Живко Митревски.

- Една од нашите активности што ги насочуваме и фокусираме е решавање правни случаи по пат на спогодби од кои имавме 55 случаи, за 1.069 обраќања дадени се стручни совети, изготвени се 515 барања и 151 приговор до надлежни органи во претпријатијата или други институции во државата, а изготвени се и 24 обраќања до Државниот инспекторат за труд, изјави Митревски.

Додаде дека за случаите каде не е постигната согласност се водат судски постапки, за кој поднесени се 82 тужбени барања, водени се 335 расправи, а добиени се 316 пресуди. - Досега најголем број обраќања се по основ на неисплатени плати (526), 227 за надомест за храна, 221 за надомест за превоз, 553 за неуплатени придонеси за ПИО, 554 за отказ од деловни причини, 217 за неуплатени придонеси за здравствено осигурување, рече Митревски.

- Во насока на подобрување на правната заштита во наредниот период ССМ ќе се залага за формирање посебни судови за работни спорови, намалување на судските такси, профункционирање на Законот за заштита од вознемирување на работното место, имплементирање на Законот за мирно решавање на работните спорови,...рече Митревски.

На новинарско прашање за ставот на ССМ за иницијативата за промена на временската зона во Македонија, Митревски кажа дека тие минатата година предложиле поинаков предлог за регулација на работното време и ваквата активност ја разгледале и на економско-социјалниот совет.

 

20.08.2013 - 13:31
Фото: 
П.С. Европа

најчитано сега