СВР Охрид повикува на смиреност и отфрлање на лажните информации

СВР Охрид, упати апел и замолница да не се шират такви лажни за овој момент, крајно несоодветни информации, повикувајќи на смиреност, а со граѓаните ги сподели советите и препораките на стручњаците од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје дека нема простор за паника и дека не се очекуваат земјотреси со поголема јачина, освен афтершокови кои можат да потраат извесен период како и нивното дополнувње дека сепак земјотресите се уште не можат да се предвидат.

„Посебно напоменуваме дека СВР Охрид нема упатено насоки и препораки до граѓаните за напуштање на нивните домови и работни простории ниту пак презема  какви било мерки за евакуација на институции и граѓани. СВР Охрид, заедно со другите институции позитивно, конструктивно, целосно и транспарентно делува во интерес на граѓаните, службата е комплетно посветена на справување со вознемиреноста и другите последици од зачестените земјотреси. Повикуваме на смиреност, да не се шири паника и да се почитуваат дадените препораки од Кризниот штаб како и од Црвен крст за постапување во случај на земјотрес. За какви било информации граѓаните може да се обратат на телефонските броеви на Центарот за управување со кризи 195 и полиција 192“, се вели во нивното соопштение.

СВР од Охрид денеска учествуваше на координативниот состанок на Кризниот штаб, Локалната самоуправа и претставници од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Како дел од Кризниот штаб, СВР Охрид презема мерки што се делокруг на работа на полициските службеници а во овие моменти ги прима и насочува граѓаните кои сакаат да пријават оштетувања од земјотресите и ги советува граѓаните согласно дадените насоки од експертите од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

 

 

 

 

04.07.2017 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега