Пратеникот на ДУИ побара легализација на хомосексуалните бракови
Највозрасниот пратеник во Собранието, Бранко Манојловски од ДУИ вчера на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, побара да се легализираат истополовите бракови во Македонија.
Како што рече тој, геј луѓето се прекрасни и тие треба да добијат еднакви права.
-Многу прекрасни луѓе. Треба да им се дадат сите права на хомосексуалците во оваа Република. Сите, дури и правото на брак. Ќе речете, зошто тоа? Еве зошто. Тие заедно работеле и направиле една куќа, и едниот умрел потоа. И сега, тој не може да ја наследи куќата затоа што бил хомосексуалец, изјави Манојловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа