Сеизмолошка со детали за последниот земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово регистрираше земјотрес чии епицентар се наоѓа во охридското епицентрално подрачје.

 

Земјотресот се случи во 08 часот и 36 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.5. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала.

 

 

 

04.07.2017 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега