6 лица затруени од храна од сендвичара во Драчево - двајца итно хоспитализирани

 

Државниот санитарен  и здравствен инспекторат , беше известен телефонски од  страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Скопје за  појава на заболени лица со знаци  за акутно труење со храна. Центарот за јавно здравје од страна на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје бил известен дека лекарска помош побарале пет лица со знаци на акутно труење со храна, од кои две лица биле хоспитализирани. Во анамнезата  заболените лица дале податок  дека конзумирале храна  сендвичи со пилешко месо и  мајонез (наречени „коко„ ) од  ресторан-бар „Коко„ Населба  Драчево, Скопје.  По добиента  информација Државен  санитарени здравствен  инспектор од Подрачно одделение Кисела Вода, во соработка со епидемиолог и екипа  од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје и инспектор од Агенција за храна и ветеринарство, веднаш  извршија вонреден инспекциски надзор во ресторан-бар „Коко„  н.Драчево, Скопје.   По добивањето на  резултатите од земените брисеви, доколку има потреба, Државен санитарен и здравствен инспекторат ќе наложи и други противепидемиски мерки.

 

 

 

03.07.2017 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега