Проклети пари: Си ги отсекле рацете, за да земат пари од осигурувањето

 

Двајца Шпанци си ги отсекле рацете, а потоа се обиделе од осигурителните куќи да извлечат неверојатни суми на пари. Неможноста да скрпат карај со крај, ги приморало двајцата Шпанци на ваков потег, но измамата била откриена од страна на истражителите, откако увиделе дека ампутацијата ја направиле премногу перфектно. Тие увиделе дека резовите биле направени до тој степен рамно и добро, што ни хирург не би можел да ја изврши до толку прецизно работата. Едниот од Шпанците, се обидел од 11 осигурителни куќи да земе 2,9 милиони евра, нагласувајќи дека раката ја загубил во сообраќајка. Но истражителите увиделе и укажале дека таквиот пресек на раката е невозможно да биде направен во сообраќајка. Другиот пак пријавил дека несреќата се случила на работно место. Но и во двата случаи е најдена поврзаност, така што и двајцата нема да добијат ништо.

 

најчитано сега