Калифорнија: Барање со сила да се хранат затворениците кои штрајкуваат со глад

 

Властите во затвор во Калифорнија побараа судска дозвола со која ќе им се овозможи со сила да ги хранат осудениците, кои веќе шест недели штрајкуваат со глад. 

Претставниците на затворот изјавија дека се загрижени за здравствената состојба на речиси 70 затвореници, кои одбиваат да јадат од 8 јули. 

Според правилата волјата на осудениците да не бидат оживувани мора да се почитува. Сепак затворските власти побараа од американскиот Окружен суд во Сан Франциско да можат да ги хранат затворениците, кои се на смрт. 

20.08.2013 - 12:07
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега