МВР со детали: 24- годишно момче загина а двајца се борат за живот
Вчера во 19 часот и 10 минути на регионалниот пат Прилеп-Крушево, се случила сообраќајна незгода во која 24- годишниот И.П од село Славеј-прилепско управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Венто“ со прилепски регистерски таблици, излетал со возилото во канал од левата страна на патот, по што удрил во бетонска шахта и се превртел.
Од здобиените повреди на самото место починал И.П., а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош-Прилеп, додека со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците 23- годишен Д.Г (кој бил препратен во УЦ-Скопје, со крварење во пределот на абдоменот) и 23- годишниот Б.Р. кој бил задржан на лекување во Општата Болница-Прилеп.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен Обвинител и увидна екипа од ПСОН-Прилеп.
Во времето од 19,30 до 21,10 часот додека се вршел увид на местото на настанот патот бил затворен за сообраќај на сите видови моторни возила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа