Еве какво време не очекува во новата работна недела

 

Максимални температура од  42 Гевгелија, 40 Д. Капија, 38 Струмица, Штип, 37 Битола, Тополчани, Прилеп, 36 Виница, 34 Скопје, Берово, 33 Претор, Охрид, 32 Тетово, Кр. Паланка, 30 Ѓуриште, Пожаране, 26 Маврово, Лазарополе.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.

Помалку од 1 литар во Маврово, Тетово и Лазарополе.

 Претпладне беше сончево и се потопло. Мала облачност се појави во пладневните часови. Попладне најпрвин на запад во Лазарополе започна дожд, а подоцна врнежи од не многу интензивен дожд има во Тетово и во Скопје Петровец. Грмежите започнаа попладнево на северозапад, а повремени грмежи има и доцна попладнево. Наместа и особено во Пелагонија и вдолж Повардарието дуваше и засилен ветер претежно од запад и северозапад.

 Ноќта Ќе биде променливо на југ уште многу топло, а на север и кон североисток со повремен дожд и со појава на поретки грмежи Ќе дува повремено силен северозападан ветер. Повремено и во првиот дел од ноќта ќе има врнежи од дожд и во Скопскиот регион.

Времето денес Променливо облачно и свежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд кон пладне со појава и на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престануваат. УВ=6 Т-мин. од 13 до 20 а т-мин. 21 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Температурата од 18 до 25 степени.

 

Утре ќе преовладува променливо и свежо време со локални врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за околу 10 степени. Во вторник сеуште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата. За следниот викенд ќе има изгледи за нови врнежи и нестабилност.

 

 

 

02.07.2017 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега