За еден викенд четворица загинати во сообраќајни несреќи во Македонија
Црн викенд по македонските патишта. Згмечениот голф на регионалниот пат Штип Велес сведочи за вчерашната трагедија каде во сообраќајка згаснаа три животи а двајца од кои едното е тригодишно девојче со тешки повреди завршија во Ургентниот центар во Скопје.
И додека полицијата на ова место вршеше увид, на стотина километри во јужниот дел на земјата во сообраќајна несреќа меѓу трактор и БМВ загина 36 годишна жена.
Петмина се тешко повредени. Во полицискиот билтен е евидентиран и саботниот инцидент во Куманово кога 11 годишно дете било удрено од мерцедес на пешачки премин и со потешки повреди е пренесено во кумановската болница.
Скопската Брза Помош викендот интервенирала кај 6 сообраќајки каде имало неколку полесно повредени. Лекарите велат во летниот период секогаш има зголемен број на несреќи каде една од причините се и топлото време и високите температури.
-Влијае секако, може да изгуби концентрација и затоа велиме оние кои имаат здравствени проблеми и под дејство на алкохол да не седнуваат позади волан. Ги советуваме и доколку добијат вртоглавици или зашеметеност во возилото да застанат на страна и да побараат лекарска помош, , вели Ѓорѓи Карамановски од Скопска Брза Помош.
Топлото време и сувите коловози какко и недисциплинираното однесување на учесниците во сообраќајот, според лекарите е главната причина за предизвикување на сообраќајни инциденти во периодот на летните одмори.
Поголемо присуство на полиција и патролирање на подвижна амбуланта на најфрекфентните автопати треба да ги намали последиците од несреќите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа