Колариќ: СДСМ ветуваа транспарентност, и излажаа

Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата за медиуми, кои се одржаа денес (02.07.2017), во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (плоштад ВМРО бр. 1), при што се обрати Светлана Колариќ:

СДСМ ветуваа транспарентност, и излажаа. Нивните минситри го кријат нивното богатство.

Има и такви кои го прекршија законот безкруполозно го сокрија свото богатство и имот. Двајца министри од владата на СДС Роберт Поповски и Самка Ибраимовски немаат поднесено пријава за својот имот до Државната комисија за спречување на коруцијата. Тоа согласно законот преставува казниво дело. Тие демонстрираат безаконие, но она што повеќе ја интересира јавноста зошто го кријат својот имот и колку имаат заработено под услови на наводен режим? Дали во моментот прават префрлање на богаството на други лица со цел да не се дознае нивниот имот?

Од СДС има потполен молк за тоа како министрите милионери од нивните редови дојдоа до богатство, станови, куќи, хациенди и луксузни возила под услови на наводен режим и диткатура.

Од она што до сега е објавено, се гледа дека новата влада на СДС е составена од милионери кои своето богатство го имаат стекнато за многу кус период.

Се уште нема одговор како вицепремиерот Кочо Аѓушев стигна да  се стекна со капитал од над 28 милиони евра лично богатство?

Како под наводна диктатура Анѓушев заработил 5 стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград, куќа на Халкидики?

Кој е рецептот при што во наводна диктатура ќе се стекне вицепремиерот на владата на СДС со автомобилски брендови како Масерати, Порше, уметнички слики, златен накит и Ролекс  часовници?

Како премиерот Заев под услови на наводен режим според лично признание заработил 6 до 7 милиони евра богатство.

Како Заеви од просечно земјоделско семејство дојдоа до фирми кои за 10 години направиле обрт од 200 милиони евра?

 

 

 

 

 

 

02.07.2017 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега